Home » Digital » Цукерберг призна дека Фејсбук недоволно ги заштитил личните податоци на корисниците

Цукерберг призна дека Фејсбук недоволно ги заштитил личните податоци на корисниците

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг призна во писмена изјава пред Конгресот дека социјалната мрежа не е направи доволно за да се спречи злоупотребата на личните податоци на корисниците, а со тоа и се извини.

“Сега е јасно дека не направивме доволно за да спречиме овие алатки да бидат искористени за да предизвикаат штета. Не гледавме широко по прашањето за нашата одговорност и тоа беше голема грешка “, напиша Цукерберг во соопштението до Комитетот за енергетика и трговија.

“Тоа беше моја грешка и жал ми е. Јас го направив Фејсбук, јас ја водам компанијата и сум одговорен за сè што се случува во неа “, додаде тој.

Тој, исто така, рече дека најголемите инвестиции на Фејсбук во безбедноста “значително ќе влијаат на растот на профитабилноста”.

Ројтерс додава дека шефот на Фејсбук во понеделникот се состана со американските пратеници во пресрет на дводневната расправа пред Конгресот која започна вчера.

Акциите на Фејсбук пораснаа за 1,7% во понеделникот.

Фејсбук беше критикуван откако поранешен вработен во компанијата Кембриџ Аналитика, која се занимава со обработка на податоци, откри дека информации за десетици милиони корисници на Фејсбук се превземени без нивна согласност и се искористени во политички кампањи.

Корисниците на Фејсбук во понеделник треба да дознаат дали се помеѓу 87-те милиони од оние чии податоци се искористени од Кембриџ Аналитика. Секој корисник на оваа социјална мрежа ќе добие едно или две известувања за тоа дали нивните податоци се искористени или не.

Фејсбук ќе им соопшти на корисниците и кои апликации се икористени и кои информации биле превземени.

Во пресрет на истрагата, технолошкиот гигант ја суспендираше и компанијата Cubeyou. Истражувачите ќе истражат дали и оваа компанија за анализа на податоци собирала информации за академски, а потоа ги користела за комерцијални цели, во соработка со Универзитетот во Кембриџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365