Шведскиот синџир на хотели Elite Hotels се надева дека ќе успее да ги предизвика луѓето повторно да патуваат после пандемијата, со кампањата која се фокусира не еден неочекуван аспект од хотелското искуство – звукот.
Кампањата се состои од 11 видеа кои внесуваат микрофон во некој специфичен хотелски амбиент или активност, вклучувајќи ја кујната, рецепцијата, сауната, базенот, местењето на постелата, пиењето на кафе итн.
Серијалот од видеа ни илустрира колку е всушност важен звукот во искуството на нештата, директно влијаејќи врз нашето расположение, фантазија и со тоа – желба за одредени работи. Од шведските Elite Hotels, се надеваат дека тоа е желбата за патување и престој во нивните хотели.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Volt.
Целосната плејлиста на видеа од кои се состои кампањата можете да ја проследите во продолжение: