Како заврши Cannes Lions 2013 и пополека ги сумираме импресиите, во наредниов период ќе Ви пренесеме информации за повеќе кампањи и агенции кои заблистаа во полно светло на овој фестивал и освоија повеќе престижни награди.
За нас секако најважна е наградата која New Moment Скопје ја освои и конечно на Балканот му го донесе долгоочекуваното “Титаниумско Лавче“.
Инаку, како севкупен победник на Cannes Lions, односно горд носител на епитетот нај-агенција и нај-кампања за минатата година е веќе афирмираната кампања “Dumb Ways To Die“ на McCann Melbourne која освои дури 5 гранд-при награди.
Кампањата има за цел подигнување на свеста за безбедноста во железничките станици и е на иницијатива на јавното претпријатие на метроа во Мелбурн.
Dumb Ways To Die несоменено е највиралната општествено одговорна кампања која почнувајќи од Ноември 2012 досега сме имале прилика да ја проследиме на светската сцена, но исто така без сомнежи можеме да ја вклучиме и во најголемите и најуспешните адвертајзинг кампањи направени било кога.
Еве погледнете го Case Study-то на Dumb Ways To Die:
Од носечката песна на кампањата се направија повеќе од 100 преработки, излегоа мобилни апликации и игри, tumbrl профилот преку кој одеше кампањата секојдневно имаше по стотици споделувања а кампањата беше прифатена и проширена и во училниците по основите и средни училишта.
Најважно – бројот на незгоди беше намален за 21% споредено со истиот период лани (таргетот кога почнувале со кампањата им бил 10%).
Оваа кампања е доказ дека добрата идеја и без којзнае каков буџет може да направи голем успех !
Еве ја и и цела песна (предупредување : многу е заразна :) )