Малата балканска држава Македонија баш и не е Силиконската долина. Години поминати во политички скандали, конфликти и дводецениски спор за името со Грција фрлија сенка врз некои од позитивните развои на бизнисот во оваа поранешна југословенска земја.
Но, група на претприемачи и компании наскоро ќе го сменат тоа, пишува Петров за Huffington Post.
„Во денешната колумна, гордо ви ги претставувам 10-те брендови кои го менуваат изгледот на економијата на оваа мала држава. Тие безуморно работат да му покажат на светот дека иако е мала земја, Македонија има потенцијал да создаде успешни глобални брендови“.
1.FX3X
Создаден од Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, FX3X е компанија за визуелни ефекти и CG анимации, која има учествувано во создавањето на визуелните ефекти за некои од најпознатите светски блокбастери, меѓу кои Transformers, the Avengers, Fast and Furious, Mission Impossible и The Hunger Games.
2. Venikom
Водечката компанија за изработка на мобилни апликации во Македонија – Venikom, има создадено неколку неверојатни апликации за Vogue Paris, Nike, Glamour, Vanity Fair, Heineken и многу други светски брендови.
Venikom неодамна лансираше WordPres plugin – Lynx.press , кој ќе им овозможи на медиа издавачите да создаваат мобилни апликации за Android и iOS полесно и побрзо од било кога досега.
3.GioGio Gelato
Ако мислите дека Италијанците прават најдобар сладолед, не сте го пробале GioGio Gelato. Перфектно спакуван, со 7 различни вкусови, овој сладолед ќе ги задоволи и најсофистицираните обожаватели на сладоледот.
4.Витаминка
Омилената прехранбена компанија на нацијата расте стабилно со години. Нејзиниот најпознат производ, Стоби Флипс, може да се набави секаде во светот: Кина, Блискиот исток и САД.
5.Mama’s
Ајварот го освојува светот, а никој не прави ајвар поубав од на Mama’s. Направен од печени пиперки од Струмица, печен модар патлиџан од Валандово, сончогледово масло и морска сол, со креативното пакување и неверојатната приказна на брендот, Mama’s Ajvar има потенцијал да стане најголемиот продукт за извоз на Македонија.
6.Златен даб
Благодарение на уникатниот вкус и иновативниот пристап кон маркетингот, за многу кратко време Златен Даб стана омиленото пиво во Македонија.
7.HASELT
Основан од македонскиот претприемач Хајан Селмани, HASELT (Hyper Advanced Solutions Engineering with Leading Technologies) е компанија за развивање на софтвер, инженеринг и IT консалтинг. Основна цел на компанијата е да обезбеди најквалитетни услуги за софтвер. Со канцеларии во Њујорк и Скопје и новоотворените канцеларии во неколку европски земји, HASELT ќе стане една од најуспешните и најиновативни IT компании.
8.Тиквеш
Кога станува збор за вино, никој не го познава македонското вино подобро од винеријата Тиквеш. Оваа компанија има освоено безброј награди низ годините. Со малку добар маркетинг и одлична стратегија, Тиквеш има шанса да стане една од најпознатите светски винарии.
9.Kokev
Основанa од Тања Кокев, со своите уникатни венчаници и парфемот од светска класа, глобалната експанзија на Кокев е само прашање на време.
10. Signori
Оваа неодамна отворена компанија за висока мода го освои регионалниот моден свет преку ноќ. Signori создава уникатни, рачно изработени костуми, користејќи ги најдобрите материјали во светот. Со оглед на огромниот успех на брендот во Дубаи, Signori веројатно е поблизу од било кога да стане препочитаниот изработувач на костуми за секој маж.
Оригиналниот текст објавен за Хафингтон Пост можете да го прочитате тука.