Home » Во фокусот » 10 работи кои ги нервираат ПР професионалците….а новинарите упорно ги прават!

10 работи кои ги нервираат ПР професионалците….а новинарите упорно ги прават!

За ПР професионалците кои редовно ги следат вестите поврзани со индустријата не е невообичаено да наидат на листи составени од новинари во кои се нагласени работите кои тие ги мразат во врска со вработените во ПР секторот. Исто и ние на Маркетинг365 пред повеќе од една година објавивме текст со наслов “Кои навики на ПР-луѓето им сметаат на новинарите?“ …но еве дојде редот да пренесеме и една друга поприлично долга листа на работи кои, според авторите на текстот на PRDaily, особено им сметаат на ПР професионалците.. а некои новинари упорно ги повторуваат.

Да се разбереме, ова не е генерално и навистина постојат случаи и новинари кои со одлични поенти можат во определен момент да го објасанат своето однесување во интеракцијата со ПР луѓето и компаниските претставници. Како со се’ во животот, постојат луѓе кои на чудесен начин ја вршат својата работи и такви кои не го прават тоа.

Како и да е, тоа важи за двете страни.

JournalistsAnnoyPRPros

Можеби време е да се променат улогите и да им се кажат на новинарите 10 работи кои тие ги прават, а ПР професионалците не ги сакаат. Тоа е фер.

1. Не се јавувајте 15 минути пред истекувањето на рокот барајќи да разговарате со CEO-то за вест на која веројатно сте работеле неколку недели. Може да претставува вистински предизвик да се извлече CEO-то од состанок со акционерите за да ви ги задоволи барањата.

2.  Кога едно интервју е закажано за 10 часот со претставник од врвот на компанијата, појавете се навреме. Кога доаѓате со задоцнување од 30 минути и’ покажувате на личноста која ја интервјуирате дека не го цените нејзиното време.

3. Никој не очекува од еден новинар тој да изгледа како фото модел, но кога ќе се појавите во маица без ракави, куси пантолони и сандали, испраќате чуден сигнал.

4.   Одделете неколку минути да ги прочитате информациите поврзани со компанијата испратени од ПР-лицето. Навистина е непријатно кога првите пет прашања ви се за информации кои веќе ви се дадени.

5.  Бидете сигурни дека вашиот уред за снимање е вклучен пред да почнете со интервјуто. Испаничено јавувајќи се следниот ден  со обајснување дека вашиот уред за снимање не работел како што треба – изгледате како кловн.

6.  Не негодувајте кога ќе ви биде кажано дека компанијата неможе да коментира во врска со некоја работа. Со целосна чесност, компанијата навистина неможе да коментира по повод лични прашања, здравствени прашња, финансии, правни прашања и сл.

7.  Кога ќе ви биде понудено ручекот да ви биде платен, не се однесувајте како тоа да е некаков обид за поткуп и напад врз новинарската етика. Доколку можете да бидете купени со еден ручек, тогаш етичкиот проблем е ваш.

8. Верувале или не, можете да направите грешка во вашите статии. Немојте да се лутите доколку тие грешки ви бидат предочени. Веројатно е дека шефовите на компанијата се бесни, а ПР-лицето се обидува само да ја смири ситуацијата.

9. Да, новинарстовото денес не води кон долготрајно вработување. Сепак, немојте пред интервју да ги прашувате ПР-лицата дали има постои можност за пополнување на слободно работно место во компанијата, бидејќи навистина е непријатно.

10. Навистина не ни се допаѓа кога ја испраќате “на преглед“ содржината/интервјуто директно до претставникот на компанијата која ја застапуваме и која сте ја интервјуирале. Ние на нив предвреме им велиме дека ВИСТИНСКИТЕ новинари не ДОЗВОЛУВААТ таква практика….а кога Вие тоа го правите…изгледаме доста глупаво…

Што Вие драги ПР колеги би додале кон оваа листа?

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365