FePI е најрепрезентативната средба на независни агенции од комуникациската индустрија во изминатите 12 години. Фестивалот се одржува во Росарио, Аргентина, а на него учествувале стотици адвертајзинг и маркетинг агенции, дизајнерски студија, креативци, аудиовизуелни продуценти, огласувачи, консултанти, маркетинг професионалци и компании за односи до јавност, сите натпреварувајќи се во 16 различни категории:
– Film;
– Graph;
– Radio and Sound Production;
– Public Road – OOH (Out Of Home);
– Digital;
– Comprehensive Campaigns;
– Design;
– Art Direction;
– Drafting;
– Efficient Communication;
– Direct Marketing;
– Innovation in Media;
– Public Relations;
– Audiovisual Production;
– Strategic marketing;
– Best Independent Fiction Production;
Крајниот рок за пријавување учество на овогодинешното издание е продолжен до 23 август, а регистрациите и пријавувањето на кампањи и проекти се остварува преку новиот онлајн систем на FePI.
Пријавените кампањи и проекти ќе бидат вреднувани од страна на искусно меѓународно стручно жири составено од 150 членови кои доаѓаат од преку 20 држави низ светот. Најдобрите кампањи и проекти ќе ги добијат наградите Pereyra Inodoro – уметнички дела инспирирани од ликовите на познатиот аргентински карикатурист Роберто Фонтанароса.
Повеќе информации на официјалниот веб-сајт www.fepi.com.ar.