Home » Extra 5 » Првиот меѓународен фестивал за независната адвертајзинг индустрија FePI ги отвори регистрациите за овогодинешното издание

Првиот меѓународен фестивал за независната адвертајзинг индустрија FePI ги отвори регистрациите за овогодинешното издание

FePI е најрепрезентативната средба на независни агенции од комуникациската индустрија во изминатите 12 години. Фестивалот се одржува во Росарио, Аргентина, а на него учествувале стотици адвертајзинг и маркетинг агенции, дизајнерски студија, креативци, аудиовизуелни продуценти, огласувачи, консултанти, маркетинг професионалци и компании за односи до јавност, сите натпреварувајќи се во 16 различни категории:

 Film;
 Graph;
 Radio and Sound Production;
 Public Road – OOH (Out Of Home);
 Digital;
 Comprehensive Campaigns;
 Design;
 Art Direction;
 Drafting;
 Efficient Communication;
 Direct Marketing;
 Innovation in Media;
 Public Relations;
 Audiovisual Production;
 Strategic marketing;
 Best Independent Fiction Production;

Крајниот рок за пријавување учество на овогодинешното издание е продолжен до 23 август, а регистрациите и пријавувањето на кампањи и проекти се остварува преку новиот онлајн систем на FePI.

Пријавените кампањи и проекти ќе бидат вреднувани од страна на искусно меѓународно стручно жири составено од 150 членови кои доаѓаат од преку 20 држави низ светот. Најдобрите кампањи и проекти ќе ги добијат наградите Pereyra Inodoro – уметнички дела инспирирани од ликовите на познатиот аргентински карикатурист Роберто Фонтанароса.

Повеќе информации на официјалниот веб-сајт www.fepi.com.ar.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365