Holmesreport го објавија World PR извештајот за топ 250-те ПР агенции со најдобри финансиски резултати за 2013 година.
Еделман продолжува да опстојува на врвот од листата со 12,2% раст од минатата година и вкупни приходи од над 746 милиони долари.
И второто и третото место остануваат непроменети, па нив ги заземаат Weber Shandwick и FleishmanHillard кои ја потврдуваат доминацијата на американските ПР групации кои доминираат во топ 10 групата со дури 8 агенции.
Пријатно изненадување во топ 10 друштвото е кинеската BlueFocus (BlueDigital) која се протурка на 9-тото место (минатата година беа 19-ти на листата) остварувајќи дури 208,8% пораст од лани.
Како што констатираше колегата Гоце Пачемски кога ги сублимираше минатогодишните резултати….пак се потврди дека “Во ПР-от се парите !“
Целата листа на топ 250 на ОВОЈ линк.