Home » Во фокусот » Еделман со најголеми приходи и за 2013 година

Еделман со најголеми приходи и за 2013 година

Holmesreport го објавија World PR извештајот за топ 250-те ПР агенции со најдобри финансиски резултати за 2013 година.

Еделман продолжува да опстојува на врвот од листата со 12,2% раст од минатата година и вкупни приходи од над 746 милиони долари.

И второто и третото место остануваат непроменети, па нив ги заземаат Weber Shandwick и FleishmanHillard кои ја потврдуваат доминацијата на американските ПР групации кои доминираат во топ 10 групата со дури 8 агенции.

Пријатно изненадување во топ 10 друштвото е кинеската BlueFocus (BlueDigital) која се протурка на 9-тото место (минатата година беа 19-ти на листата) остварувајќи дури 208,8% пораст од лани.

Како што констатираше колегата Гоце Пачемски кога ги сублимираше минатогодишните резултати….пак се потврди дека “Во ПР-от се парите !“

Top 20 PR agencies

Целата листа на топ 250 на ОВОЈ линк.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365