„Голема чест е да ги прогласам победниците, ми пративте импресивни видеа за иднината на нашата безбедност. Победници се Чиара Пасини, Дамјан Козаров, Анвеш Јаин и Стела Блумфелде.“ – рече Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтемберг при прогласувањето на победниците од Видео натпреварот на NATO2030 младинската конференција, која беше организирана деновиве и каде меѓу победниците се најде и младиот битолчанец Дамјан Козаров со неговото видео кое во фокусот го има Преспанското езеро.
Дамјан Козаров со своето видео испраќа порака за тоа како климатските промени и намалувањето на нивото на водата во езерата влијаат на екосистемот и економијата
Дамјан зборува за природното богатство, Преспанското езеро кое го делат три НАТО членки, Албанија, Грција и Македонија и чие драматичното повлекување на нивото на водата предизвикува опасност за локалниот екосистем и за економијата, вели тој во видеото.
Тој упатува порака дека сите мора да се ангажираат за климатските промени и безбедноста, бидејќи тоа прави тешкотии за воените сили да нè чуваат, ги ослабнува економиите и затоа младите луѓе имаат мисија да ја рашират оваа порака јасно и гласно за успешна агенда во 2030.
Честитки Дамјан!