Малезиската авио компанија Malaysia Airlines , за која за жал многу често слушавме изминатиов период, започна процес на целосен ребрендинг кој ќе вклучува и промена на името на компанијата.
Како што дознава Sunday Telegraph, малезиската влада која е мнозински сопственик на авиопревозникот се решила на овој чекор после трагедиите со летовите на MH 17 и MH 370 во кои животот го изгубија стотици патници на компанијата.
Во моментов Малезија Ерлајнс вработува нешто над 20,000 работници и дневно превезува над 50,000 патници, но се чини дека оддржувањето на овие бројки ќе биде вистински предизвик во наредниот период бидејќи компанијата е соочена со огромно нарушување на своето реноме.