Во текот на вчерашниот ден во германскиот град Есен беа објавени добитниците на Red Dot наградите, најголемите и меѓу најценети меѓународни признанија на полето на визуелните комуникации. Награда освои и монографијата за фондацијата Адрис која во соработка со групацијата Арис ја осмисли и реализираше агенцијата Bruketa&Zinic OM, неодамна наградена и на European Design Awards.
Меѓународно жири ги оценуваше секој од 7,069 пријавени проекти во живо на жирирање кое траеше неколку дена а кое го сочинуваа луѓе кои се и добитници на повеќе кански лавови на Cannes Lions фестивалот како на пример Gustavo Greco (Бразил), Ali Bati (Турција) i Jack Renwick (UK).
Фондацијата Адрис, најголема корпоративна фондација во овој дел на Европа со својата работа од 2007 година ја поддржува и поттикнува иновативноста и квалитетот на научниот и уметничкиот труд, ги поддржува надарените ученици, студенти и млади научници, ја штити и промовира хрватската култура и помага на тие кои им е најпотребно во хрватското општество.
Монографијата на фондацијата Адрис е приказна за препознаените потенцијали, за способноста да се гледа напред, да се препознаат вистинските вредности во момент кога немаат свој конечен облик.
Во средината на книгата се наоѓа симболично јајце, бескраен потенцијал на животот кој допрва треба да биде ослободен. Секој поединечен проект кој настанал е од таа средина и сега го живее својот полн потенцијал. Преку страниците на книгата, читателот може да се запознае со сите проекти кои фондацијата ги поддршала и резултатите на нивната работа.
Корпоративните публикации на фондацијата Адрис досега имаат освоено повеќе награди како што се и Epica, D&AD London, Communication Arts Award of Excellence, Graphis, Art Directors Club of Europe (ADC*E), HOW International Design Awards, PRINT Business Graphics Review, Art Directors Club Croatia, IdejaX, International Design Awards, Good Design, Moscow International Advertising Festival, Creativity Awards, Type Directors Club, Festo, а имаат финале и на Cannes Lions фестивалот.
За агенцијата Bruketa&Žinić OM ова е шеснаесета Red Dot награда во последните четрнаесет години.
Повеќе за Red Dot натпреварувањето на следниов линк: http://en.red-dot.org/