Home » Extra 5 » Монографијата за фондацијата Адрис освои “Red Dot”

Монографијата за фондацијата Адрис освои “Red Dot”

Во текот на вчерашниот ден во германскиот град Есен беа објавени добитниците на Red Dot наградите, најголемите и меѓу најценети меѓународни признанија на полето на визуелните комуникации. Награда освои и монографијата за фондацијата Адрис која во соработка со групацијата Арис ја осмисли и реализираше агенцијата Bruketa&Zinic OM, неодамна наградена и на European Design Awards.

 zaklada aris

Меѓународно жири ги оценуваше секој од 7,069 пријавени проекти во живо на жирирање кое траеше неколку дена а кое го сочинуваа луѓе кои се и добитници на повеќе кански лавови на Cannes Lions фестивалот како на пример Gustavo Greco (Бразил), Ali Bati (Турција) i Jack Renwick (UK).

Фондацијата Адрис, најголема корпоративна фондација во овој дел на Европа со својата работа од 2007 година ја поддржува и поттикнува иновативноста и квалитетот на научниот и уметничкиот труд, ги поддржува надарените ученици, студенти и млади научници, ја штити и промовира хрватската култура и помага на тие кои им е најпотребно во хрватското општество.

Монографијата на фондацијата Адрис е приказна за препознаените потенцијали, за способноста да се гледа напред, да се препознаат вистинските вредности во момент кога немаат свој конечен облик.

monografija_Zaklade_Adris_4

Во средината на книгата се наоѓа симболично јајце, бескраен потенцијал на животот кој допрва треба да биде ослободен. Секој поединечен проект кој настанал е од таа средина и сега го живее својот полн потенцијал. Преку страниците на книгата, читателот може да се запознае со сите проекти кои фондацијата ги поддршала и резултатите на нивната работа.

Корпоративните публикации на фондацијата Адрис досега имаат освоено повеќе награди како што се и Epica, D&AD London, Communication Arts Award of Excellence, Graphis, Art Directors Club of Europe (ADC*E), HOW International Design Awards, PRINT Business Graphics Review, Art Directors Club Croatia, IdejaX, International Design Awards, Good Design, Moscow International Advertising Festival, Creativity Awards, Type Directors Club, Festo, а имаат финале и на Cannes Lions фестивалот.

За агенцијата Bruketa&Žinić OM ова е шеснаесета Red Dot награда во последните четрнаесет години.

Повеќе за Red Dot натпреварувањето на следниов линк: http://en.red-dot.org/

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365