По седумгодишно отсуство на телевизиските екрани за време на популарниот натпревар, брендот за долна облека Victoria’s Secret повторно ќе ги прати своите ангели за да ја заведат бројната публика.
Вчера беше објавена рекламата со Кендис Сванапул, Адријана Лима, Лили Олдриџ, Беати Принсло, Алесандра Амбросио и Карли Клос, која ќе биде емитувана на Super Bowl 2015 на 1 февруари. Во видеото, привлечните модели се движат сензуално во сексапилна долна облека, додека се слуша „I’m In the Mood for Love“ од Бренда Ли.
Разбирливо, рекламата е една од најгледаните на YouTube само неколку часа по презентацијата,