Телевизиската мрежа CBS која го пренесува највредниот од рекламен аспект светски спортски настан – Супер Бол, најави дека отсега во интернет стримингот на натпреварот ќе бидат вклучени и рекламите кои досега можеа да се следат само на ТВ.
Со оваа новина на огласувачите ќе им биде достапен пакет за закуп, па се претпоставува дека за 30-секунден спот емитиран на ТВ и преку нет сумата ќе се движи помеѓу 4,7 и 5 милиони долари.
Минатогодишното издание на Супер Бол беше следено од бриближно 114,4 милиони гледачи а за 30-секундна реклама емитувана на национално ниво, огласувачите требаше да искешираат 4,5 милиони американски долари.