Home » Extra 5 » Во интернет преносот на Супер Бол отсега се вклучуваат и рекламите

Во интернет преносот на Супер Бол отсега се вклучуваат и рекламите

Super Bowl 2015

Телевизиската мрежа CBS која го пренесува највредниот од рекламен аспект светски спортски настан – Супер Бол, најави дека отсега во интернет стримингот на натпреварот ќе бидат вклучени и рекламите кои досега можеа да се следат само на ТВ.

Со оваа новина на огласувачите ќе им биде достапен пакет за закуп, па се претпоставува дека за 30-секунден спот емитиран на ТВ и преку нет сумата ќе се движи помеѓу 4,7 и 5 милиони долари.

Минатогодишното издание на Супер Бол беше следено од бриближно 114,4 милиони гледачи а за 30-секундна реклама емитувана на национално ниво, огласувачите требаше да искешираат 4,5 милиони американски долари.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365