Посетителите на Скопје Сити Мол добија уште едно место во кое можат да се опуштат и да уживаат во слатките задоволства.
Нов “станар“ во фуд корнерот на вториот кат од најголемиот мол во Скопје е “Европа“ која токму таму ја отвори новата, единаесета по ред, специјализирана продавница во која ќе можете да ги добиете Вашите омилени крем банани, рум штангли, чоколади, десерти, локуми, вафли и најразлични вкусови на карамели и бонбони.
“Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 130 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите, доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.