Uber, такси услугата базирана врз мобилна апликација, сигнализираше промена во својата маркетинг активност во Обединетото Кралство откако контактиаше медиа агенции за своите потреби за планирање и купување.
Компанијате моментално не се рекламира во Обединетото Кралство, но нејзината растечка пупуларност го наруши такси-пазарот и предизвика штрајк на таксистите во Лондон минатата година.
Uber е поактивен во САД, каде ангажираше продукциски студија како Gold Front и Captain Crazy Productions.
Разбирливо е дека Uber се обидува да го зацврсти својот бизнис во Обединетото Кралство со рекламна кампања со која ќе привлече нови возачи и клиенти, слично како кампањата за САД во 2014.
Минатата година, Uber го нагажираше Дејвид Плуоф, менаџерот на претседателската кампања на Барак Обама во 2008 година, како Senior Vice-president за стратегија.
Во Јуни, компанијата ја промовираше UberDrive, смартфон видео игра во која се имитира работата на еден Uber возач.
Амриканската компанија Uber е водена од Тревис Каланик. Основана е во 2009 година и својот сервис го прошири во 60 држави.