Постои една долга и не многу горда традиција на анти-дрога кампањи кои стануваат исмејувани бидејќи целосно ја промашуваат целта. Владата на сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс додаде уште една класика на ‘ѕидот на срамот’ со #StonerSloth, кампања која требаше да ги засрами тинејџерите кои злоупотребуваат дрога, но рекламата испадна урнебесно смешна.
Во три кратки видеа, злоупотребата на марихуана претворила тинејџери во џиновски мрзливци – а метафората е изведена буквално, така што децата се навистина прикажани како џиновски влакнести животни со долги, закривени канџи. Социјално, тие се бескорисни. Се’ што можат да прават е да се жалат. Не можат да прават тестови во училиште, да разговараат на забави, па дури и да ја додаваат солта за време на вечера.
“Полоши сте на трева”, вели заглавието.
Видео 1
Видео 2
Видео 3
Кампањата е толку чудно, карикатурно и комично изведена што тинејџерите, наместо да извадат поука од неа, ја прифатија како една голема шега. Веќе постојат пародични видеа, бескрајни Твитер шеги, па дури и “Додај ја солта” маица на која е прикажан карикатуризиран ленливец.
The New South Wales Department of Premier and Cabinet застанаа позади кампањата, барем засега. “Целта на кампањата е да поттикне позитивно однесување кај младите луѓе пред да започнат лошите навики”, соопштија од таму, додавајќи: “Кампањата е направена да им се допадне и да биде споделувана меѓу тинејџерите. Знаеме дека помладата публика повеќе реагира на кампањи во кои се истакната краткотрајните последици од нивното делување”.
Сигурно дека рекламата е доста споделувана, но истовремено стана и предмет на потсмев, па така, дури и австралискиот National Cannabis Prevention and Information Centre се дистанцираше од кампањата, а самиот премиер на Нов Јужен Велс Мајк Берд се шегуваше со неа на неговиот Твитер профил.
Just saw the #StonerSloth ads. Not sure where NSW Gov’s ad guys found Chewbaccas siblings, but those videos are… Quite something.
— Mike Baird (@mikebairdMP) December 19, 2015
I’ve been assured no sloths were harmed in the making of those #StonerSloth ads.
— Mike Baird (@mikebairdMP) December 19, 2015
The first thing I thought when I saw #stonersloth was ‘how high were the people who made this?’
— Lauren Actually (@laureningram) December 19, 2015
It’s here #stonersloth the t-shirt pic.twitter.com/h9S5zqvQOo
— Eiza (noeL) Berage (@verbaliza) December 20, 2015