Според последните два извештаи на Државниот завод за статистика, вработените во секторот маркетинг и истражување на пазарот се најплатени од сите останати професии во земјава, со просечни плати од 45 051 за Јануари и 42.277 денари за февруари.
Со оглед на тоа што на нашиот портал се споделуваат исклучиво информации кои се од интерес на маркетинг и ПР професионалците, можеме да заклучиме дека Маркетинг365.мк го читаат и луѓето со највисока плата во државава :)
[СОВЕТ] – Ако сте компанија која нуди услуги или производи од премиум сегментот наменети за луѓето со повисоки примања, па сакате да ги таргетирате “богаташите“, Маркетинг365 (на пример) Ви е одличен медиум преку кој може да се рекламирате.
Сепак оваа просечна плата (околу 730 евра) за маркетинг индустријата во Македонија е многу далеку од европскиот просек каде примањата во поразвиените земји на месечно ниво се движат во просек околу 3 140 евра. Во Велика Британија на пример, просечната плата за позицијата маркетинг директор изнесува 6 123 фунти.
Покрај луѓето кои работат во маркетинг, останати кои спаѓаат во групата на над-просечно платени професии во државава се и оние кои работат во сегментите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, воздухопловен транспорт, Произодство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови .
Просечната месечна плата за февруари годинава во Македонија изнесува 21.813 денари.