Home » Extra 5 » Адвертајзинг агенција ги охрабрува луѓето да се откажат од Фејсбук на 99 дена

Адвертајзинг агенција ги охрабрува луѓето да се откажат од Фејсбук на 99 дена

Холандската адвертајзинг агенција Just, како одговор на неодамнешното контроверзно истражување кое “скришум“ беше изведено од Фејсбук, промовираше иницијатива со која ги охрабрува корисниците на најпопуларната социјална мрежа да се откажат од нејзино користење на 99 дена, за како што велат во Just, да се види како ФБ апстиненцијата влијае на среќата на луѓето.

Непрофитната иницијатива позната под името “99 Days of Freedom“ ги предизвикува корисниците да го баталат Фејсбук на 99 дена и од време на време (на 33-тиот, 66-тиот и 99-тиот ден) да пополнуваат истражувања поврзани со нивните моментални активности и емоционална состојба.

На веб сајтот на иницијативата ( http://99daysoffreedom.com/ ) можат да се најдат едноставни инструкции за вклучување во истражувањето кои вклучуваат и “time-off“ профил слика (баш оваа подолу во текстот) и стартување на персонализиран 99-дневен часовник кој ќе одбројува.

Ако има јунак од Македонија што ќе се нафати на ова, да се јави да го интервјуираме за некои работи поврзани со брендови и компании на ФБ :) 

new-profile-picture

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365