Home » Extra 5 » Ако вештачката интелигенција нема род, зошто тогаш звучи како да има?

Ако вештачката интелигенција нема род, зошто тогаш звучи како да има?

Технологијата ветува иднина која не е врзана за ограничувањата на биолошкото ткиво. Комуникацијата оди подалеку и побрзо отколку нозете што можат да трчаат, податоците испратени сателитски во вселената ќе живеат подолго од нивните творци. Уредите кои реагираат на нашите гласови ги прават рацете непотребни. Но, дигиталните асистенти сепак ненамерно ги одразуваат стереотипните ограничувања на човечката форма. Ако Сири нема тело, зошто тогаш звучи како жена? Кога постојат вистински луѓе кои живеат надвор од вообичаените категории на родот, зошто истото не важи и за вештачката интелигенција?

Поаѓајќи од овие прашања, организацијата Copenhagen Pride и агенцијата Virtue го создадоа Q, безродов гласовен профил кој компаниите ќе може да го употребуваат за нивните гласовни производи.

Скандинавскиот тим на агенцијата Virtue сними пет луѓе чии гласови не потпаѓаат под типичните параметри на „машки“ или „женски“. Потоа, со помош на модулациски софтвер, фрекфенцијата на гласовите ја поставиле на околу 145 херци, помеѓу „машките“ 80 херци и „женските“ 220 херци. Резултатот бил Q, безродов амалгам кој ги избегнува стереотипите за мажите и жените.

Следниот чекор кој го презема агенцијата во развојот на Q е изработката на соодветен „фрејмворк“ на вештачка интелигенција кој ќе може да се имплементира во широк дијапазон на гласовни производи.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365