Најстарата стоковна куќа во Америка Lord & Taylor поднесе барање за банкрот
Компанијата поднесе барање за заштита од стечај и стана уште една жртва на кризата предизвикана од епидемијата на вирусот корона.
Стечајот доаѓа скоро една година откако Lord & Taylor го купиле Ле Тот за 75 милиони долари. Пред тоа, компанијата Hudson’s Bay го купи Lord & Taylor во 2012 година.
Lord & Taylor ја отвори својата прва продавница во Њујорк во 1826 година, со што стана првата стоковна куќа во Америка, а основана е од двајца англиски имигранти.