Популарниот уличен уметник познат како Бенкси го изгуби авторското право врз едно од своите најпознати дела, „Фрлачот на цвеќиња“ – графит на ѕид во Ерусалим.
Уметникот две години водел судски процес против компанијата за карти Full Colour Black во однос на правата на користење на делото. Меѓутоа, судот одлучил дека Бенкси нема право врз делото доколку не го открие својот вистински идентитет.
„Тој не може да биде идентификуван како несомнен сопственик на таквите дела, бидејќи неговиот идентитет е сокриен. Со тоа, не може да се утврди дали уметникот поседува какви било авторски права врз графитите,“ соопштуваат судиите од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија.
Бенкси се обиде да ги исполни условите за регистрирање на трговска марка, така што отвори официјална сувенирница во англиската населба Кројден кај Лондон. Меѓутоа, судиите укажале дека тој своето дело го направил врз имот на други луѓе без нивна дозвола.
Во претходни години, уметникот бил поотворен во однос на прашањето за авторски права, дозволувајќи им на луѓето да ги симнуваат неговите дела од интернет бесплатно, дури и јавно соопштувајќи дека „авторските права се за губитници.“