Маркетинг агенцијата BBDO Загреб, победи на меѓународниот тендер на компанијата Molson Coors Europe, во чиј состав е и Загребачката пивара и го освои проектот за промоција на пивото Beck’s. Ова е ПРВ пат на просторот на Средна Европа да се снима телевизиски спот за еден од најголемите пивски брендови, независно од глобалниот тим во Бремен.
Иво Пауер кој работи како Senior copywriter во BBDO Загреб е автор на идејата на спотот со која се сака да се порача дека никој не би требало да се менува себе за да го живее животот кој го сака. Таа идеја е поврзана со вредностите на брендот Beck`s, кој повеќе од 140 години е верен на својата оригинална рецептура и производство на пиво со само четири состојки.
Токму затоа и изработката на спотот е правена во четири сегменти: снимање на филмот (во само четири сцени), создавање на модни икони (со само четири парчиња облека), врвна танцова изведба (во четири чекори) и совршено пиво со само четири состојки.
Спотот е сниман на четири локации во Хрватска, во период од четири дена, а во неговото производство учествуваа вкупно 122 членови на тимот. Режисер е Исток Торнјански, снимател Игор Вуковиќ а продукцијата ја правеше компанијата VAL Продукција.
Целиот процес поврзан со изборот на агенција и снимање на спотот траеше шест месеци, а емитувањето во Хрватска започна овој септември.