Home » Extra 5 » Биби им подари новогодишна сказна на децата

Биби им подари новогодишна сказна на децата

Тимот на Факултети.мк и Деца.мк со големо задоволство ве известува дека синоќа премиерно ја промовира новогодишната сказна „Биби и Дедо Мраз од планетата Заз“. На јутјуб-каналот Биби/Bibi се најде уште една содржина со која детската публика ќе поминува убави моменти во забава и едукација.

Новогодишна ноќ… Биби и Боби со нетрпение го чекаат Дедо Мраз. Но, како што секогаш се случува со сезнајката Биби, нешто мнооогу чудно се случува! И овој пат за приказната се погрижи писателката Билјана Црвенковска, креативен директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режисер – Гоце Цветановски.

Улогата на Биби ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ, на Боби и на Дедо Мраз – Сашко Коцев.

„Светот на Биби“ од неодамна е збогатен и со детската песна „Трепкај, трепкај, елкичке“, чиј автор е Ангел Ќосев, а ја отпеа Вујошевиќ. Песната веќе е хит кај детската публика.

„Светот на Биби“ е проект што го започнавме во октомври, во кој низ видеосодржини, азбука, сказни, кратки едукативни видеа децата учат правилна употреба на македонскиот литературен јазик, но учат и како да се однесуваат. За нешто повеќе од два месеца јутјуб-катчето на Биби има 1.000.000 посети, а сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ веќе им е омилена книга на децата.

Во 2019 година продолжуваме со нови изненадувања за нашата публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365