Home » Extra 5 » Бил Гејтс: “Верувајте дека светот се подобрува и дека е возможен понатамошен напредок“

Бил Гејтс: “Верувајте дека светот се подобрува и дека е возможен понатамошен напредок“

Со оглед на тоа дека го напуштил Харвард, Бил Гејтс не претставува модел на студент на кој треба да се угледаме. Меѓутоа, бидејќи е еден од најбогатите луѓе на светот и е силно вклучен во напорите за намалување на сиромаштијата и обезбедување на здравствена заштита за луѓето ширум светот, тој сигурно претставува некој кој го знае патот до успехот.

Основачот на компанијата “Мајкрософт” дели совети до младите во текот на годините преку интервјуа, говори и социјални мрежи. Овде се наведени некои од нив:

  1. Три области кои ќе ја одредат иднината: вештачката интелигенција, обновливата енергија и бионауката

На крајот од 2017 година, Гејтс ги советуваше младите да се посветат на проучувањето на наведените области, кои ги нарече “области кои ветуваат и кои ќе бидат од големо значење во наредните децении”.

  1. Опкружете се со луѓе кои ве инспирираат да напредувате

Гејтс ги советуваше студетите да обрнат внимание на тоа со кого го поминуваат времето, бидејќи тоа ќе го одреди нивниот раст и способност да станат подобри и да напредуваат.

  1. Верувајте дека светот се подобрува и дека е возможен понатамошен напредок

Гејтс смета дека ако мислиме дека светот станува подобро место, тогаш мора да бидеме сигурни дека напредокот може да го почувствуваат што е можно повеќе луѓе. “Тоа не значи дека треба да ги игнорираме сериозните проблеми со кои се соочуваме, туку едноставно да веруваме дека постои решение за секој проблем”, смета Гејтс.

  1. Оптимизмот може да нѐ мотивира да продолжиме понатаму

Оптимизмот може да доведе до акција, смета основачот на Мајкрософт. Тој вели дека дури и во тешки ситуации, оптимизмот може да придонесе за иновации и создавање нови алатки за елиминирање на човечкото страдање.

  1. Имајте свои убедување, но бидете љубопитни

Бил Гејтс се смета за вечен ученик. Тој обично чита 50 книги годишно, а тие книги го обликуваат и го менуваат неговиот поглед кон светот. На студентите на Универзитетот во Колумбија им рече: “Обидете се да предвидете што ќе се случи во блиска иднина. Ако тоа не се случи, тогаш треба да се запрашате што не е во ред со вашата перспектива на гледање на работите. “

  1. Одвојте време да размислите за нееднаквостите

Гејтс во неколку наврати изјави дека, покрај неговото рано напуштање на Харвард, тој, исто така, жали што долго време не бил свесен за нерамнотежата во богатството, ресурсите и здравјето на светско ниво. Тој неколку пати им повтори на студентите дека треба да имаат свест за тоа и да се обидат да најдат начин тоа да се исправи. Тој верува дека во време на напредна технологија, овој проблем може да се реши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365