Според податоците на компанијата за бизнис услуги и метрика Experian, германскиот BMW е најпопуларниот бренд на луксузни автомобили во САД.
Во периодот од јануари до септември 2021, во САД биле регистрирани скоро 260.000 луксузни автомобили од BMW.
На второ место на листата следува јапонскиот бренд Lexus, дел од Toyota, додека пак Tesla го претекна Mercedes-Benz за третото место.
Бројот на регистрирани луксузни возила од електричниот производител Tesla во САД е еднаков на околу 230.000, што е за околу 17.000 повеќе од бројот на регистрирани луксузни возила од Mercedes-Benz.
Во светски рамки, BMW и Mercedes-Benz предводат далеку напред со по околу 2 милиони регистрирани луксузни возила во 2020 година.
Tesla заостанува со бројка од нешто под половина милион регистрирани луксузни возила на светско ниво во 2020 година, но од друга страна покажува најголем тренд на раст во одност на сите други брендови.
Компанијата на Елон Маск во 2017 година имала околу 100.000 регистрирани луксузни возила во светот, а за оваа 2021 година се очекува таа бројка да достигне 1 милион луксузни возила.