Утре е денот на Свети Патрик, а во негов пресрет ирскиот бренд на пиво Guinness лансираше уште една реклама кампања. Отатко претходно порача дека празникот и нивното пиво е за сите, овој пат брендот ја промовира својата безалкохолна верзија “Guinness 0.0” со кампањата “Holding Out for a Zero”.
Централниот спот на кампањата прикажува група чаши наполнети со безалкохолното темно пиво на Guinness, при што белата пена е така изведена да потсетува на човечко лице со очи и широко отворена уста – пеејќи го диско хитот “Holding Out for a Hero” на Бони Тајлер од 1984 година.
Со оваа кампања, брендот се надоврзува на пораката дека празникот и нивното пиво треба да биде за сите, па дури и за оние кои не сакаат да пијат алкохол. Како дел од празничните прослави за Св. Патрик, Guinness одлучи бесплатно да наточи 50.000 чаши безалкохолни пиво ширум Ирска.
Кампањата се реализира со помош на долгогодишниот агенциски партнер AMV BBDO.