Под мотото „Филмот е убав“, од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи најпознатиот македонски филмски фестивал “Браќа Манаки“.
Традиционално, фестивалот има богата и разновидна редовна програма која привлекува многубројна домашна но и странска публика и го рангира фестивалот меѓу најдобрите во Европа. Годинава ОФФ програмата е збогатена со нови и интересни содржини, концерти, забава, и др.
На „Браќа Манаки“ се организираат и работилници, семинари, промоции и изложби. Со својата впечатлива програма, која од година в година станува сѐ побогата, Фестивалот е атракција како за филмаџиите така и за филмофилите од целиот свет.
Официјалните постери за редовната и детската програма кои се изработени во македонска и англиска верзија беа промовирани на прес конференција на која беа најавени и овогодинешните лауреати добитници на наградата за животно дело “Златна камера 300”. Постерите можете да ги погледнете во продолжение: