Burger King во Франција претходно ја покажа својата солидарност така што ги повика своите фанови да ги посетуваат и да ги поддржат и другите синџири на ресторани за брза храна во време на пандемијата.
Брендот сега отиде еден чекор понатаму, така што со својата креативна агенција Buzzman Paris, ќе им овозможи и на помалите, независни ресторани да се рекламираат преку Инстаграм профилот на Burger King – бесплатно.
Имено, со најавата за дополнителни рестриктивни карантински мерки во државата, Burger King се одлучи до 21 јануари 2021 година привремено да прекине со сопственото огласување на Instagram и тој огласувачки простор да го отстапи на помали ресторани за промоција на нивните менија, адреси и промоции.
Според Burger King, постојат специјалитети од илијадници ресторани кои заслужуваат да бидат познати исто како и нивниот Whopper. Од брендот се надеваат дека со ваквиот потег ќе успеат да генерираат поголем сообраќај кон помалите ресторани и да им помогнат да преживеат во овие тешки времиња – до повторното ре-отворање на рестораните во Франција во јануари.