Американската разузнавачка агенција ЦИА отпочнува со ребрендирање на својот визуелен идентитет со цел привлекување поразновиден талент во организацијата. Под хаштагот #DiscoverCIA, агенцијата неодамна лансираше нов веб-сајт и дизајн на лого.
Основни бои на новиот веб-сајт се црната и белата, со одредени акцентирања во црвено. Поголемо внимание е дадено на илустрации и слики, вклучувајќи и повеќе фотографии од жени и луѓе со различно расно и етничко потекло. Веб-сајтот вклучува и повеќе фонтови, од кои најмногу се истакнува GT America.
Со веб-сајтот беше објавено и ново лого кое има монохроматски дизајн со акронимот на агенцијата на позадина од фрактални линии.
Според директорката на агенцијата, Џина Хаспел, новиот визуелен идентитет ќе оддава перцепција на динамична работна средина која ги очекува новите регрути.
— CIA (@CIA) January 5, 2021