Home » #M365Voice » CreativeVoice: Тоше Арсов (New Moment)

CreativeVoice: Тоше Арсов (New Moment)

Тоше Арсов

M365: Што е она што ќе Ви остане во сеќавање од 2018 година а е поврзано со работата на Вашата агенција?

ТВ рекламите за NLB Банка (Потрошувачки и Станбен кредит), бидејќи си игравме со дел од техниката во новиот театар, како и настанот за East Gate / 20 Години Нептун, бидејќи беше сериозен организациски предизвик.

M365: Како ја оценувате работата на домашните креативни агенции? Кои кампањи од конкурентските агенции ви оставија позитивен впечаток?

Имаме пристојни идеи но многу често лоша егзекуција/продукција. Можеби проблем се буџетите но треба да направиме поместување на темата.

Златен Даб “Без Етикети” поради храброста, пораките и продукцијата (Futura), и некои од спотовите за ЕЛЕМ (Publicis), поради тоа што актуелни локални “моменти” пристојно ги ставија во служба на кампања.

M365: Кои светски кампањи од 2018 година го привлекоа Вашето внимание?

“Nothing beats a Londoner”,  Nike, W+K London,

 “The Talk”, P&G,  BBDO New York

“JFK Unsilenced” The Times, ROTHCO

“The Boy and the Piano”, John Lewis, adam&eveDDB

M365: Кои се Вашите желби за нашата креативна индустрија во годината што претстои….што би им порачале на Вашите колеги?

Сакам многу нови млади луѓе што сериозно ќе загризат во бизнисот.

NO EXCUSES e еден од главните драјвери на работењето на New Moment, така да, тоа би им го порачал и на колегите.  Условите се тие,  “стиснете” и направете најдобро што можете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365