Тереза Чениќ дизајнерката во агенцијата “МекКен Белград“ е позната и како илустраторка и вебкомик авторка на интересниот стрип “Egotreep comic“.
„Мислам дека погрешно ме разбра кога ти реков дека ја имаш мојата поддршка“ – е еден од цитатите на интересниот стрип „Egotreep comic“ чиј автор е Тереза Чениќ.
Преку ден креативец и дизајнер во агенцијата „МекКен Белград“, а после работа стрип хероина. На својот блог и социјалните мрежи Тереза објавува автобиографски епизоди од секојдневниот живот.
„Се тргна како интернет фора“, вели Тереза и додава „Наместо заминување на тренинг останав дома да „киснам“ по Фејсбук (кој жити се сака да се поти во февруари)…па нацртав една себе-прекорна духовита илустрација на себеси како би ја оправдала одлуката за останување дома. На луѓето на ФБ тоа им се допадна. Одлучив да го повторам тој експеримент уште еднаш, па уште еднаш и еве така….веќе повеќе од година дена“
Сега сето тоа веќе стана неделно коментирање на различни ситуации и односи со луѓето. Инспирацијата за стрип минијатурите и се средбите со блиските луѓе, познаниците, секојдневното опкружување , но и личните фрустрации, хејтови, несогласувања….Кога сето тоа се набљудува со иронија, со малку сарказам и хумор…настануваат нејзините стрип приказни. Луѓето кои се наоѓаат во нејзините слики реагираат воглавно позитивно. Моментот кога себеси ќе се видат во стрип е последица на нешто од реалниот живот. Најчесто се забавуваат со својата симпатична илустрација во портретот дури и тогаш кога контекстот во кој се ставени не е во целост афирмативен за нив.
На прашањето дали е изненадена од успехот кој нејзините приказни го имаат на социјалните мрежи, Тереза во својот стил, помалку иронично одговара дека е многу изненадена од тоа што постојат преку милијарда профили, а дури нешто повеќе од 500 го сакаат нејзиниот стрип :)
А дали е се “вистина“ или не, Тереза објаснува : „Секако дека тука е пристуна и голем дел на фикција, па навистина е смешно во ситуациите кога публиката буквално сфаќа некои епизоди.“
Терезините стрипови можат да се следат online на https://www.facebook.com/EgotreepComic , а на прашањето дали публиката ќе има можност да ги види и во некој друг формат, таа вели дека е отворена за секакви предлози и единствено посакува….“денот да траеше барем 30 часа“.