Home » Extra 5 » „Дискавери“ и „Еуроспорт“ недостапни на “Телеком“ и “Оне-Вип“

„Дискавери“ и „Еуроспорт“ недостапни на “Телеком“ и “Оне-Вип“

Документарните канали на „Дискавери“ и спортските канали „Еуроспорт“ се исклучени од понудата на провајдерите „Оне-Вип“ и „Македонски Телеком“ по одлука на самите првајдери, велат од агенцијата „Креативне идеје“, што ја застапува корпорацијата „Дискавери комјуникејшенс“, сопственик на исклучените канали.

И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, изненадени сме и воедно разочарани од фактот што, двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број еден спортски канал“, се вели во соопштението од агенцијата.

„Креативне идеје“ ги поттикнува клиентите да комуницираат со операторите и да изнесуваат барања за враќање на телевизиските канали во понудата. Од таму исто така соопштуваат дека продолжува долгогодишната соработка со „Телекабел“ и останатите регионални оператори во Македонија кои и понатаму ги пренесуваат каналите.

Агенцијата посочува дека „Еуроспорт“ може да се следи на Интернет.

Дел од македонките медиуми деновиве пренесоа и вест од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во која се вели дека ваквото исклучувања на канали од страна на провајдерите им овозможува на корисниците да го прекинат договорот без плаќање на пенали. Одредбите за ова се утврдени во Правилникот за видот и содржина на податоци и информации на АЕК.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365