Доделени се наградите на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои девет најдобри ги добија највредните награди.
Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.
Наградите беа доделени во три категории и тоа – поединци, училишта и градинки.
Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко
Второто место во категоријата поединци го освои Стојан Тасевски.
Третата награда и припадна на Бојана Кокиновска.
Во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија.
„Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново нé импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите. Има навистина многу еколошки ангажирани уметници и креативци, училишта и градинки кои и оваа година осмислија добра приказна и освоија супер награди. Им честитам на добитниците и на сите финалисти, а ги повикувам сите останати да се инспирираат од нивните дела кои се веќе изложени во Веро-центарот“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
Конкурсот како и секоја година се фокусираше на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.
Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци, училишта и градинки, може да најдете на веб-страницата www.pakomak.com.mk.