Последниот ден од овогодинешната PRO.PR конференција, традиционално беше затворен со свеченото доделување на PRO.PR признанијата за повеќе професионалци од регионов кои според организаторите имале значајно влијание во развојот на комуникациската индустрија во својата земја.
Како што и претходно најавивме на Маркетинг365, овогодишен добитник на PRO.PR наградата за Македонија е Росана Јанков од АМСМ.

Останати овогодишни добитници се и:
Dарко Јука, директор на корпоративни комуникации во Алуминија, БиХ
Асја Ченгиќ Касумовиќ, независна консултантка, БиХ
Дијана Тепшиќ, портпарол на центарот за еднаквости и рамноправности на Владата на република Српска, БиХ C
Катарина Клеменц, директорка за комуникации, ЛЕК Сандоз, Словенија,
Маја Овен, директорка за маркетинг и комуникации BTC CITY Љубљана, Словенија
Владимир Чех, Институт за историја на огласувањето, Србија
Првослав Плавшиќ, Србија,
Галина Огнјенов, вонредна професорка на Економскиот факултет во Белград, Србија,
Бијаџо Опи, Италианско здружение за осноси со јавност, Италија,
Ренате Скоф, ко-основач во Skills групацијата, Австрија
Олег Румјантсев, Русија
Ана Мартиновиќ, PR менаџер, MTEL Црна Гора,
Снежана Бахтијари, директор за комуникации во Ericsson Nikola Tesla, Хрватска,
Дубравка Јушиќ, VIPnet, Хрватска,
Саша Форгиќ, Хрватска,
Астрид Мушура Каучиќ , Хрватска
Габор Хегви, Унгарија
Danny Rogers, уредник на PR Week, Велика Британија
PRO.PR наградите беа основани во 2012 година, по повод одбележувањето на десетгодишнината на PRO.PR конференцијата, прва меѓународна конференција за односи со јавност во Југоисточна Европа, која оваа година ќе се одржи од 22. до 25. април во хотелот Малин на островот Кркво Хрватска. Организатор на конференцијата PRO.PR е агенција за комуникациски менаџмент Apriori World од Загреб.Најголемата особеност на овие награди е дека тие се наменети за поединци, а не за организации или проекти.