Синоќа, на својот блог, Facebook објави за две исклучително важни промени во врска со News feed-от на корисниците и новите правила во однос на приоритетот при рангирањето на вестите кои се споделуваат од ФБ страните на брендовите и медиумите.
Како што велат од компанијата овие унапредувања се во прилог на подобрување на корисничкото искуство на корисниците кои ќе имаат можност повеќе да читаат интересни и релевантни споделувања од брендовите кои споделуваат за нив вредна содржина на местото на оние кои во прв ред го ставаат сензационализмот и спам содржината.
ПРОМЕНА бр. 1.
Сензационалистичката најава на линковите ќе се изолира што повеќе.
“Click Baiting“ насловите како што ги нарекуваат од Фејсбук постовите кои ги охрабруваат луѓето да кликаат на определен линк за да видат повеќе (во стилог : СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧНО, СПЕКТАКУЛАРНО, ВИДЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ…), без да им откријат повеќе детали на ФБ корисниците за содржината што ќе ја читаат на линкот и кои досега добиваа поголема видливост и многу кликови одсега ќе бидат ревидирани и нивниот reach во News Feed-от ќе биде намален.
Како Фејсбук ќе ги мониторира и анализира овие постови?
Еден од начините како што велат од компанијата е алгоритмот да следи колку време корисниците ќе се задржат на линкот што го кликнале во постот.
Алгоритмот на Фејсбук ќе следи после колку време корисникот што го кликнал линкот се вратил на Фејсбук. Ако тоа време е подолго, значи содржината му била интересна и вредна и тој пост заслужува внимание и подобро рангирање. Ако корисникот после кликањето на линкот веднаш се вратил на Фејсбук, тоа значи дека содржината на која наишол после кликањето на ликот не е вредна за него и ричот на тој пост во News Feed-от треба да биде намален.
Вториот параметар кој ќе биде клучен дали ФБ ќе го рангира високо или не определениот пост во News Feed-от на корисниците е соодносот помеѓу кликнатиот линк и интеракцијата.
Доколку еден линк е кликнат многу пати а нема никаква интеракција во форма на лајкови, коментари и споделувања тоа за ФБ ќе значи дека луѓето не наишле на ништо вредно во тој линк и таа објава заслужува помало внимание.
Ова измена се базира на ставот на повеќе од 80% од корисниците кои ФБ ги испита во неодамнешното истражување и кои одговориле дека преферираат наслови кои ќе им помогнат да одлучат дали тие навистина сакаат да ја прочитаат целата статија пред да треба да кликнат на линкот.
ПРОМЕНА бр.2
Споделување на линкови во постови.
Втората промена во врска со News Feed-от која синоќа ја објави Фејсбук се однесува на споделувањето на линкови во постовите.
Како што велат од Фејсбук, нивните истражувања им покажале дека луѓето преферираат да добиваат линкови кои се споделени во линк формат ( тоа е вообичаената ситуација кога постираме линк во полето за статус (слика бр.1) со наднаслов и каде имаат можност да го прочитаат почетокот од текстот од линкот кој се споделува.
Меѓутоа забележливо е дека понекогаш објавувачите (брендовите) линковите ги објавуваат во текст формат над некоја слика, како што е примерот подолу (Слика 2)
Мнозинството од испитаниците кажале дека преферираат да читаат објави во стилот на Слика 1 (линкот објавен во “линк формат“ со наднаслов и почеток на текстот).
Со оваа измена Фејсбук ќе го направи приоритет прикажувањето на ликови во линк-формат и ќе покажуваат помалку ликови во опис или статус update.
Имајте ги на ум овие измени на Фејсбук наредниот пат кога ќе постирате линкови до Вашата содржина доколку сакате да го оддржите нивото на reach на Вашите објави, заинтересираноста на публиката и секако нивните посети (кликови) на Вашите линкови !