Основачот на Tesla и SpaceX, милјардерот Елон Маск, соопшти дека неговата вселенска компанија ќе лансира мисија на Месечината, целосно финансирана со криптовалутата Dogecoin.
Се работи за сателит кој е соодветно именуван како “DOGE-1” и треба да биде испратен во орбитата на Месечината веќе следната година. Тоа истовремено ќе биде првата криптовалута, како и првото „меме“ во вселената (криптовалутата Dogecoin е инспирирано од „мемето“ со жолто куче од расата Шиба-ину).
SpaceX launching satellite Doge-1 to the moon next year
– Mission paid for in Doge
– 1st crypto in space
– 1st meme in spaceTo the mooooonnn!!https://t.co/xXfjGZVeUW
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2021
„Нашата мисија ќе ја демонстрира применливоста на криптовалутата надвор од Земјината орбита и ќе ги постави темелите на интерпланетарната економија,“ истакнува потпретседателот на SpaceX, Том Очинеро.
Според SpaceX, оваа трансакција ќе докаже дека Dogecoin е брза, сигурна и безбедна дигитална валута која е доволно софистицирана за да финансира комерцијална вселенска мисија и ќе постави преседан за идните истражувања надвор од Земјината орбита.