Фејсбук објави дека одсега на адвертајзерите ќе им овозможува да поставуваат таргетирани реклами по специфични модели на смартфони и таблети. Новите параметри по кои ќе може огласувачите да таргетираат овозможува да се избере не само посебен мобилен оперативен систем туку и уникатен уред со посебни карактеристики.
Исто така фејсбук ќе овозможи да се таргетираат и уреди по специфична конекција на интернет (дали се конектирани преку Wi-FI, 3/4G и сл.)
Ова на адвертајзерите ќе им овозможи да бидат уште “поточни“ во сервирањето на огласите за релевантна публика и со тоа да ја зголемат успешноста на своите кампањи.