Home » Extra 5 » Fenty Beauty by Rihanna со песна од Filter Label

Fenty Beauty by Rihanna со песна од Filter Label

Козметичкиот бренд Fenty Beauty by Rihanna лиценцираше песна од каталогот на Филтер Лабел за еден од нивните следни промотивни видео клипови. Се работи за песната Exhibit од техно продуцентката Liza Nicklin, што се наоѓа на нејзиниот албум Immortal Habits, објавен од македонската издавачка куќа Filter Label. Exhibit ќе се најде на промотивно видео за новата колекција на производи на Fenty Beauty наречена
Moroccan Spice. Видеото ќе биде објавено на YouTube каналот на компанијата, како и на нивниот официјален веб-сајт.
Инаку, основач и сопственик на Fenty Beauty е поп ѕвездата и модна икона Ријана. Иако постои само една година, оваа компанија за кратко време успеа да стане една од најбрзо растечките во козметичката индустрија, а списанието Тајм ја вброи на престижната листа на најдобри иновации за 2017 година, заедно со
вселенскиот брод InSight на NASA, телефонот iPhone X на Apple и автомобилот Model 3 на Тесла.

Пласманот на песната на Liza Nicklin претставува продолжување на серијата успешни пласмани на музика од Filter Label во реклами на некои од најпознатите глобални брендови. Во текот на изминатите неколку месеци, песни од каталогот на македонскиот издавач се најдоа и во реклами на McDonald’s, Nestle Wagner и Becutan.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365