Во текот на изминатите четири месеци, 137 млади претприемачи се здружија во 46 тимови од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, кои работеа на развојот на нивните општествени бизнис идеи. Во следните денови, тие ќе се натпреваруваат пред жири-комисија за финансиска поддршка и пристап до регионална инкубациска програма со цел да ги претворат своите идеи во реалност. Вкупно, 12 тимови ќе бидат поддржани со финансиски грант од по 2.500 евра за секој тим.
Вкупно беа организирани 33 тренинг сесии за развој на општествени бизниси, 19 средби за градење на заедница, 182 сесии на мониторирање, 26 експертски консултации, 135 тренинг сесии „еден-на-еден“, како и 6 регионални бизнис сесии за учење од своите колеги. Овие настани им овозможија на младите луѓе активно да ја развиваат својата идеја за општествен бизнис, шанса да учат едни од други, да бидат отворени кон нови идеи, да создадат врски помеѓу проектите развиени во различни заедници и да создадат нови пријателства и конекции низ Западниот Балкан.
Имплементиран од страна на шест локални инкубатори од Западен Балкан и координиран од конзорциум на регионални и европски партнери, проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs – „Регионален инкубатор за општествени претприемачи“) има за цел да го збогати општествено-претриемачкиот екосистем на Западниот Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развиваат иновативни општествени решенија и со тоа да придонесат кон помирувањето и соработката во регионот. Позитивната промена во Западен Балкан е возможна, додека пак стабилноста и просперитетот можат да бидат постигнати само преку негување на помирувањето и соработката во регионот.
Избраните претприемачи се млади луѓе од регионот, на возраст од 18 до 35 години, мотивирани да учат за општественото претприемништво и да бидат вклучени во регионалните меѓукултурни програми. Преку овој прилагоден пристап, тие ги развиваат своите конкретни идеи кои се соочуваат со општествени и еколошки проблеми во нивните заедници. Учеството во проектот RISE исто така ги развива нивните вештини и придонесува кон нивната можност за вработување.
Проектот промовира дијалог и соработка помеѓу вклучените учесници и помеѓу земјите. Станува збор за тригодишен проект кој започна на 1 октомври 2019 година и се имплементира низ шесте држави кои го сочинуваат регионот на Западен Балкан.
Повеќе информации за проектот можат да се најдат на нивниот официјален веб-сајт www.risewb.org, како и на профилите на Facebook, Instagram и Linkedin.