Golden Drum фестивалот и градот Љубљана ги канат сите млади креативци до 30 години да земат учество во Young Drummers натпреварувањето и преку постер најдобро да го отсликаат овогодишното фестивалско мото: Љубљана-градот каде се доживува културата и уметноста.
Пристигнатите решенија ќе бидат оценувани од петчлено жири, предводено од Tereza Svěráková, Chief Creative Director во Y&R Чешка во кое дел се и Tjaša Ficko, заменик градоначалник на Љубљана, Gosia Drozdowska, креативен директор во FCB Варшава, Franz Riebenbauer, генерален и креативен директор на Riebenbauer Design од Австрија и Philipp Schwartz, Head of Strategic Planning на BBDO Berlin.
Младите креативци треба да дизајнираат креативен корпоративен постер и слоган што ќе ја претстави Љубљана како град на културата и уметноста. Првата награда изнесува 3000 евра и обезбедени влезници за Golden Drum 2018. Натпреварувањето трае до 30 септември.
Повеќе за натпреварувањето и за тоа како да учествувате може да погледнете ТУКА.