Home » Во фокусот » Golden Drum и Љубљана ги покануваат младите креативци да земат учество во Young Drummers натпреварувањето

Golden Drum и Љубљана ги покануваат младите креативци да земат учество во Young Drummers натпреварувањето

Golden Drum фестивалот и градот Љубљана ги канат сите млади креативци до 30 години да земат учество во Young Drummers натпреварувањето и преку постер најдобро да го отсликаат овогодишното фестивалско мото: Љубљана-градот каде се доживува културата и уметноста.

Пристигнатите решенија ќе бидат оценувани од петчлено жири, предводено од Tereza Svěráková, Chief Creative Director во Y&R Чешка во кое дел се и Tjaša Ficko, заменик градоначалник на Љубљана, Gosia Drozdowska, креативен директор во FCB Варшава, Franz Riebenbauer, генерален и креативен директор на Riebenbauer Design од Австрија и Philipp Schwartz, Head of Strategic Planning на BBDO Berlin.

Младите креативци треба да дизајнираат креативен корпоративен постер и слоган што ќе ја претстави Љубљана како град на културата и уметноста. Првата награда изнесува 3000 евра и обезбедени влезници за Golden Drum 2018. Натпреварувањето трае до 30 септември.

Повеќе за натпреварувањето и за тоа како да учествувате може да погледнете ТУКА.

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365