Home » Во фокусот » Golden Drum објавува конкурс за најдобар и најкреативен постер

Golden Drum објавува конкурс за најдобар и најкреативен постер

Фестивалот Golden Drum и градот Љубљана покануваат млади креативци на возраст до 30 години да учествуваат во изборот на најдобар  и најкреативен постер. Овогодинешната тема на натпреварот е: Љубљана е зелена за тебе! Биди активен, биди фит!

DCIM101MEDIA

Се повикуваат младите креативци да создадат постер кој ќе ја претставува Љубљана како град на споротови и многу зелени површини. Целта на постерот е да се поттикнат жителите и посетителите на Љубљана да учествуваат во спорстки активности во природа, токму затоа што градот има многу зелени површни, одновно повеќе од 542 m2 по жител. Исто така, има 90 хектари нови зелени површини, создадени од претходно асфалтирани области. Во дописот, градот порачува креативците да се фокусираат на џогирање, пешачење, велосипедизам, трим патеки, фитнес на отворено, веслање, пливање, голф, тенис, одбојка на песок, кошарка, фудбал и други урбани спортови. Дизајнот на постерот треба да биде осмислен за да се создаде серија на постери, адаптирани и применливи за повеќе комуникациски канали (дигитални медиуми, печатени реклами, итн.)

Повеќе за натпреварот на ОВОЈ ЛИНК.

Авторот на најдобриот постер ќе биде награден со парична награда во износ од 3.000 евра од Градот Љубљана, додека Golden Drum ќе му овозможи на победникот да присуствува на фестивалот Golden Drum 2017 со покривање на целиот износ за учество.  Додека, второ и трето наградените ќе добијат само влезници за учество на Golden Drum 2017. Сите апликации треба да бидат испратени во периодот помеѓу 22 август и 15 септември 2016. Членовите на жири комисијата ќе бидат објавени во следните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365