„Тролањето“ како да стана норма во односите помеѓу технолошките гиганти. Откако пред скоро време Samsung лансираше цела кампања која брутално се исмева со Apple, сега и новата реклама на Google за Chromebook „удри“ по конкуренцијата.
Во општата јавност постои мислење дека опреативниот систем Chrome OS кој го користи Chromebook е добар само за сурфање на интернет, но со оваа реклама, Google сака да каже дека нивниот систем е многу покорисен во споредба со оние на ривалите.
Рекламата ги нагласува недостатоците на оперативните системи Windows на Microsoft и Mac OS на Apple, нивните постојаните „Error“ пораки, закани од вируси, паѓањето на програми и општа спорост, во споредба со својот Chrome OS кој, според Google, е далеку постабилен и ги нема тие проблеми.
Погледнете го спотот во продолжение: