Home » Extra 5 » Како се снајде новиот портпарол на Белата куќа во својот прв брифинг

Како се снајде новиот портпарол на Белата куќа во својот прв брифинг

На првиот целосен брифинг главниот портпарол на администрацијата на Трамп, Шон Спајсер, беше прашан дали ќе лаже на таа функција. Одговорот беше: „Мислам дека некогаш не се согласуваме за фактите. Но ние никогаш немаме намера да лажеме.“

Шон Спајсер го почна својот прв целосен брифинг за новинарите како главен портпарол на администрацијата на Трамп со намера да ги намали тензиите што сè уште се свежи по неговите прекори до новинарите во текот на викендот.

Спајсер вечерва застана на познатиот подиум во брифинг-соба на Белата куќа и почна со шега дека неговиот претходник ужива огромна популарност меѓу новинарите. „Неговата титула е безбедна“, рече Спајсер за Џош Ернест.

Спајсер денес сфати дека е на нова територија, но не ни трепна. Од подиумот, тој најави дека Белата куќа сега има резервирано четири места за новинари што не се со седиште во Вашингтон, кои би можеле преку Скајп да се вклучат на брифинзите, но не кажа дали некоја од постојните новински организации што имаат резервирани места во брифинг-собата може да ги загубат како резултат на тоа.

Спајсер трипати избегна да одговори на прашањето зошто американската амбасада во Израел се сели во Ерусалим, рече „никогаш не сме имале намера да ве лажеме“ и избегна голем број политички прашања. Рече и дека не сака да се истрчува да дава изјави пред Трамп да го каже тоа што го има.

Еве некои од главните точки на брифингот и одговорите на новиот портпарол:

За големината на толпата на инаугурацијата: Тоа беше „најгледаната инаугурација“ и лично и од целиот свет. „Не е во прашање само големината на толпата… Постои некаков постојан стремеж да се потцени огромната поддршка што тој ја има.“

Ја искритикува бавноста на гласањето на демократите во Конгресот за кандидатите за кабинетот. Во овој момент 2 номинации се потврдени, во споредба со 7-те на првиот ден на Обама на функцијата.

Трамп ќе соработува со која било земја за да ја победи ИСИС – па и со Москва.

За твитот дека Трамп ја отстранил бистата на Маетин Лутер Кинг од Овалната соба: Тоа беше „расно наелектризирана“ изјава, која беше создадена од страна на медиумите.

Документирани докази дека Трамп истапува од своите бизниси? Го избегна одговорот.

Дали медиумите ја измислиле расправијата меѓу Трамп и разузнавачката заедница? Спајсер дека ЦИА „ракоплескала“ и „викала од радост“ кога Трамп бил во посета во саботата – сето тоа е неточно.

Трамп денес разговарал со египетскиот претседател Сиси. Се залага за билатерални односи со Египет и ветил помош за напорите во борбата против тероризмот.

Мандатот на Обамакер: „Ние имаме мандат да ја направиме здравствената заштита подостапна и поевтина… Не е во прашање мандатот… Треба да се прави вистинската работа.“

Извор: Мкд.мк

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365