Home » Extra 5 » Кампања на Дојче Телеком „Ние ги поврзуваме луѓето во Европа“

Кампања на Дојче Телеком „Ние ги поврзуваме луѓето во Европа“

„Ние ги поврзуваме луѓето во Европа!“ е мотото на новата медиумска кампања којашто Дојче Телеком ја започнува во дванаесет европски земји, меѓу кои и Македонија. Оваа кампања ја поддржува стратегијата на Групацијата Дојче Телеком да биде водечка телекомуникациска компанија во Европа со најнапредна мрежа. Македонски Телеком е првата компанија од Дојче Телеком, којашто пред повеќе од една година целосно ја модернизираше својата фиксна мрежа базирана на интернет протокол (Аll-IP), додека пак Т-Мобиле ја развива најдобрата 4G мрежа во Македонија. Во рамките на оваа кампања и останатите членки на Дојче Телеком ќе го следат примерот на Македонија за инвестирање во модерни мрежи.

nie gi povrzuvame lugjeto vo evropa

„До 2018 година сакаме да станеме водечка европска телекомуникациска компанијаи  затоа инвестираме во модерни мрежни технологии и прекугранична инфраструктура во Европа. Заедно со сите локални компании, се стремиме да им понудиме на нашите корисници најдобар квалитет на мрежата, производите и услугите и ефикасно да ги искористиме деловните синергии“, рече Клаудија Немат, член на Одборот за Европа и Технологија во Дојче Телеком. Групацијата има намера да инвестира повеќе од шест милијарди евра во проширувањето на својата европска мрежа до 2018 година, да ја заврши миграцијата на кориснички линии во мрежа целосно базирана на IP во сите останати земји и да понуди уште повеќе производи базирани на cloud, рече Немат.

Со оваа меѓународна медумска кампања, во која централен елемент на поврзување е Т, Дојче Телеком испраќа јасна порака во сите земји – “Ние ги поврзуваме луѓето во Европа!“. Со кампањата се подига свеста за тоа дека Европа сѐ повеќе се зближува и дека Дојче Телеком со својата најмодерна технологија ги поврзува луѓето и пазарите, независно од границите.

Идејата на кампањата е преку зближување на најпознатите културни градби и локации од секоја од „Телеком земјите“ да се претстави обединета Европа. Обединувањето е прикажано преку мостовите, карактеристични за секоја од земјите, коишто ја поврзуваат Европа со поддршка од „Т“ во магента боја. На пример, во Македонија тоа е Камениот мост и Кале (Скопје), Карловиот Мост во Република Чешка (Прага), Мостот Европа во Австрија (Преминот Бренер), Сеченовиот синџирест мост во Унгарија (Будимпешта), Мостот „Сино Чудо“ во Германија (Дрезден) и Новиот Мост во Словачка (Братислава).

Освен во Македонија, од денеска кампањата стартува и во Германијана, па следи  Црна Гора на 11 мај. Кампањите за Полска, Република Чешка, Унгарија, Хрватска, Холандија, Австрија, Словачка, Романија и Албанија ќе следат во јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365