Познатиот рапер Кање Вест уште летото ја најави својата намера да се кандидира за претстојните американски претседателски избори како независен кандидат. Дел го обвинија дека неговата улога е да го намали гласачкото ткиво на еден од кандидатите. Други ја прифатија идејата – „Зошто да не?“ Трети пак, најбројни, не ја сфатија неговата кандидатура сериозно, туку повеќе како маркетиншки трик. Фактот што ги пропушти роковите за да биде додаден на гласачкото ливче во неколку американски сојузни држави и не му оди во прилог на сериозноста, иако одржа и неколку митинзи.
Меѓутоа, сега, на три недели пред изборите на 3 ноември, Кање Вест го објави и својот прв „претседателски“ спот со кој бара од гласачите лично да го допишат неговото име на ливчето. Спотот всушност претставува говор на Вест, застанат пред црна верзија на американското знаме, во кој зборува за правадата, заедницата, семејството, иднината, но пред сé од еден религиски аспект.
Спотот беше објавен на социјалните медиуми проследен со линк до официјалниот веб-сајт на кампањата, на која пак може да се видат неколку религиски цитати од Библијата, заедно со повеќе брендирани производи по цена од 60 до 200 долари.
https://t.co/ZURvTEW9ee we stepping out on faith pic.twitter.com/ypQfooB35w
— ye (@kanyewest) October 12, 2020