Малопродажбата на стоки во Кина преку интернет порасна за 14,8 проценти на годишно ниво, на 9,8 трилиони јуани (околу 1,5 трилиони долари) во 2020 година, според податоците на Министерството за трговија, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Кина е најголем пазар за онлајн малопродажба во светот веќе осум години по ред. Онлајн продажбата на мало претставува 24,9 проценти од вкупниот обем на малопродажбата во земјата минатата година.
Зголемувањето на онлајн продажбата ги зголеми курирските услуги, со вкупно 83,36 милијарди испорачани пакети во текот на годината.
Во 2020 година, популарна беше и продажбата на стоки во живо преку интернет, со повеќе од 20 милиони маркетинг активности од ваков вид.
Податоците на кинеското Министерство за трговија исто така покажаа дека увозот на стоки за широка потрошувачка во земјата пораснал за 8,2 проценти на годишно ниво, на 1,57 трилиони јуани.